Феријален Сојуз на Македонија е невладина и непрофитна огранизација. Нејзини цели се да го развива младинскиот туризам, да ја поттикнува мобилноста на младите луѓе, да ги афирмира сите видови на организиран или индивидуален одмор и рекреација.

ФСМ работи на афирмација на културните, природните и историските вредости, почитувајќи ги разликите и специфичностите.

Ја поттикнува соработката и дружењето меѓу младите луѓе од земјата и светот, без огледа на расна, верска, етничка или каква друга припадност.

Кој е кој

претседател
Роберт Алаѓозовски

генерален секретар
Шаип Јашари

извршен одбор
Трајан Чагорски
Гордан Таневски
Владимир Бошковски

технички секретар
Весна Цветковска

Mеѓународен хостелинг

И покрај тоа што обезбедужаме услуги за сите, за да се престојува во хостел потребно е да се биде член на националната феријален сојуз член на меѓународната федерација на младински хостели.

Ако не сте член можете да добиете членска карта, во феријалниот сојуз на македонија, пред да појдете на пат.

Членската карта ви обезбедува пристап до целата мрежа од 5000 хостели ширум светот - кои се обичното на најдоброто нешто што моюете да го добиете по најповолна цена! Таа е клуч за илјадници попусти на жлезници, продавници, ресторани, музеи, патнички осигурувања и уште многу други.

Македонија - земја на природата, колевка на културата

Местоположба: Југоисточна Европа, северно од Грција

географски координати: 41 50 Н, 22 00 Е,
клима: топли, суви лета и есен и релативно студена зима со обилни снежни врнежи
терен: планинска територија покриена со длабоки реки и долини, три поголеми езера, секое поделено со гранична линија, реката Вардар ја дели земјата на две.

Македонија е мала земја во срцето на Балканот, богата со прекрасен микс на автентични култури, со добро зачувани остатоци од античко време и од Средниот век, со фантастични природни пејзажи со многу градови со уникатни културно наследство. Таа е жив музеј на култури, традиции и фолклор. Има многу архитектонски споменици, предисториски и антички локалитети. Земјата е полна со живописни долини и прекрасни езерски плажи, рамници, снежни планини. Македонија е позната по своите стари цркви, манастири, по многуте традиционални настани и фестивали.

Гарантирани стандарди

Гарантираните стандарди на целата мрежа на Hostelling International значи дека корисникот може да се потпре на едно трајно ниво на услуги и погодности каде и да престојува.

Добредојде - хостелите се отворени за сите. Ако не си член можеш да се зачлениш, а можеш и однапред да правиш резервации. Освен тоа ќе имаш пристап до важните удобности доколку хостелот не прима гости во извесен период во денот.

Удобност - удобно спиење, комфорни соби, тоалети, ресторани. Во некои хостели за да се зачува духот на дружење и заедништво има и кујни за сопствено приготвување на храна.

Чистота - ги запазуваме највисоките хигиенски стандарди во сите наши хостели.

Безбедност - вие и сите ваши работи се безбедни, обезбедуваме и клучеви за багажот и вредните предмети.

Приватност - целосна дискреција, спокојство и мир во сите хостели.