Ресторан Домини
По реновирањето, ресторанот во склоп на Феријален дом е едно од најудобните места во Скопје. Има голема, покриена тераса, окружена со зеленило и традиционално декорирани ѕидови, во комбинација од кал и трска. Ресторанот е специјализиран за македонска кујна. Вистинско откритие за секој што сака да се запознае со старите јадења останати уште од бабино време. Има толку јадења кои мора да се вкусат, така што во ресторанот мора да се доаѓа повторно и повторно. Просторот е голем но атмосферата е речиси домашна, персоналот е млад и љубезен. Музиката е дискретна а цените се пониски споредено со рестораните од овој ранг низ Скопје. Го посетуваат многу млади луѓе, а и гостите од хостелот редовно ги користат неговите услуги.
Мени: Порциите се доста големи но убаво декорирани. Ресторанот ја служи најубавата македонска салата (домати, кромид, лук, печени пиперки со богат прелив). Оваа салата, на пример е прекрасен повод да се проба вкусната струмичка мастика (двојно дестилиран алкохол од бело грозје, анасон и мастика). Даската ордевер е многу вкусна, со најдобрите полнети пиперки со урда. Даската е комбинација од неколку крем салати, сармички, пршута, кашкавал и разни традиционални јадења, пржен патлиџан, тиквички, печурки, праз со јајца или пиперки, пинџур, ајвар. Ресторанот има одлична, јака, домашна ракија, "жолта".
Брезовачката плескавица е со лута зелена пиперка и урда, а најинтересен специјалитет е двјникот: ролувано свинско месо полнето со сланина, печурки, кашкавал и шунка. Големите и мрсни свински ребра се исто така на менито, а не смеат да се пропуштат и полнетите пиперки со ориз, турлитавата и сл. Во ресторанот служат одлично тавче гравче. Друг деликатес е селското месо со најдобро и најсвежо месо во цело Скопје. Ресторанот нуди и добар ражнич.
|