|
Бенекс Скудриње
Kапацитет 30 легла
Хостелот се состои од главна зграда и шест прекрасни петтокреветни куќички кои нудат одличен комфорт, особено за групи и семејства. Во главната зграда се административните канцеларии и простран ресторан. Хостелот е специјално изграден во склоп со недопрената природа на реката Радика. Реката тече веднаш до хостелот, чиј простран двор нуди одличен видиковец на дивиот живот на реката. Во хостелот доаѓаат гости кои сакаат да го искусат еколошкиот амбиент на Радика и на околните брда, и е особено добар за рафтинг.
|